петак, 26. новембар 2010.

Од историјата на училиштето

Од формирањето до денес, на раководната функција директор биле:
Зафир Аговски, Михајло Јовановски, Душан Вузевски, Душка Бојановска, Ружа Тозија,Зорка Масин, Марија Тасевска, Добре Димовски, Славјанка Димова, Нада Молеровиќ, Лидија Апостолова Рамос
 
***
    Работното место, стручен работник педагог постои од 1978год. , а стручен работник психолог од 1989 год.
Прв педагог во училиштето Вера Туџарова, а прв психолог Лидија Поп Илијева.












Јас го посеав семето а вие бидете живи да го жнеете вечно неговиот плод

Димитар Миладинов (Струга, 1810 - Цариград, 23 јануари 1862), македонски народен преродбеник, поет, учител, публицист, собирач на народни умотворби, основач на македонската етнографија. Неговата поезија е со изразит лирски темперамент, а неговото творештво се состои од неколку лирски целини.Димитар Миладинов се сретнал со познатиот руски научник, славистот Виктор Иванович Григорович. Оваа средба била пресудна Миладиновци да почнат да се занимаваат и со собирачката дејност-собирање и запишување на македонски народни песни и други умотворби, кои подоцна ги отпечатиле во еден голем Зборник

Јас го посеав семето ...

адреса: бул.„Кочо Рацин“бр.17,1000 Скопје
email дреса: miladinov.dimitar@yahoo.com
                        http://www.directorium.mk/firma/dimitar-miladinov.html
Училиштето почнало со работа во учебната 1954/55. Наставата се одвивала во старата зграда на гимназијата "Цветан Димов", позната како машка гимназија.Од 1954 до 1961 год. училиштето го носи името "Иво Лола Рибар".1961 год., по предлог на д-р Иван Рибар, таткото на Иво и Јурица, го носи името "Браќа Рибар". Во март 1994. промовирано е новото име на училиштето -"Димитар Миладинов"